Goce Naumov najava za rabotilnica bostanie
Back to news

Музичка работилница со Гоце Наумов

На 17 мај со почеток од 11 часот, во општествената градина „Бостание", познатиот музичар и археолог Гоце Наумов ќе одржи музичка работилница за деца. При тоа децата ќе можат заедно да ги истражуваат корените на основните животни ритмови, низ игра во градината.

Работилницата е наменета за деца од 7 до 12 години.

Учеството е бесплатно.

Бројот на учесниците е ограничен.

Неопходно е да се пријавите за учество преку линкот:

https://forms. gle/3cQZDmiQzZw9oNfPA

*Настанот е дел од програмата на „Микрофестивалот Бостание" - чија овогодинешна тема е „Вкоренување" - и е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.