цовер
Назад кон новости

Отворање на градинарска сезона 2026

На 15 февруари (недела), од 11:00 до 14:00 часот, во општествената градина Бостание ќе се одржи настан посветен на здруженото градинарство и споделувањето на животни вештини.

За време на настанот ќе се:

✂️ кројат овошни дрвја

🌱 разменува семе од разни градинарски култури

🌿 садат грмушести растенија во ветрозаштитниот појас околу градината

Садниците се донирани од Музејот за современа уметност – Скопје, како дел од акциите иницирани за реализација на делото „Институционални градини“ на уметницата Зорица Зафировска, во рамките на изложбата „Сè што имаме заедничко - Институција која дише“.

🍵Ве очекуваме на топол чај.

Настанот е отворен за сите заинтересирани.

Општествената градина Бостание е тука: https://maps.app.goo.gl/J7hS3DFiphhD4kYC9

*Ако не се поволни временските услови настанот ќе се презакаже.