🌱

Стани дел од градината

Бостание е отворена за сите. Ако сакаш да градинариш, да учиш и да бидеш дел од заедницата — пополни ја пријавата и добредојде!

🌿

Твоја парцела

Добиваш простор за одгледување зеленчук, цвеќе или билки — по твој избор и темпо.

🤝

Заедница

Педесетина градинари кои си помагаат, разменуваат семе, знаење и реколта.

📅

Работилници

Сезонски активности, работилници за компостирање, наводнување и уште многу.

Пријава за учество

Со пополнувањето на пријавата изразуваш јасна волја за учество во општествената градина.

Проблем со формата? Отвори ја директно

Што следи потоа?

1

Потврда на е-пошта

Ќе добиеш кратка порака дека ја примивме твојата пријава.

2

Прошетка низ градината

Те каниме да дојдеш лично — да ја видиш градината, да ги запознаеш градинарите и да поставиш прашања.

3

Добредојде во Бостание

Добиваш парцела, упатства за почеток и поддршка од заедницата. Ајде да градинариме!