За Бостание
Општествена градина во паркот Лисиче, Скопје
Што е Бостание
Бостание е општествена градина во паркот Лисиче, Ново Лисиче, Скопје. Тука педесетина градинари одгледуваат зеленчук, учат едни од други и ја делат радоста на заедничкото градинарство.
Проектот е основан во 2019 година од Здружението Зелена арка, со поддршка од Град Скопје. Денес градината е простор за дружба, учење и зеленило — отворен за сите.
Вредности на заедницата
Заедништво
Споделен простор, споделена грижа и заедничко учење.
Одржливост
Органско градинарство, компостирање и грижа за природата.
Инклузивност
Отворени за сите, без разлика на возраст и искуство.
Едукација
Работилници, предавања и практично учење за сите.
Патот на Бостание
Почеток на проектот
Започнување на активности за основање на општествена градина Бостание.
Уредување на просторот
Поставување на првите леи во паркот Ново Лисиче.
Официјално отворање
Отворање на првата општествена градина во Скопје.
Прв фестивал на заедницата
Одржување на прослава по повод 15 години Зелена Арка.
Втор фестивал на заедницата
Одржување на прослава по повод петгодишнината на Бостание.
Микрофестивал Бостание
Реализација на меѓународниот проект Градини на заедништвото.