678323975_1401257655375856_4394922774851633632_n
Назад кон новости

Семенуваме со Сунчана Пешак

Во недела на 25 април од 12 часот, во општествената градина „Бостание“ ќе се одржи работилница за зачувување на сортните својства на градинарските култури преку техниката за изолација на цветовите во кафези.

Работилницата ќе ја одржи Сунчана Пешак од Хрватска, а воедно ќе го претстави и своето најново стручно издание од областа на семенарството „Ekološko sjemenarstvo i očuvanje biljnih genetskih izvora“.

При тоа може и да размениме по некое семче.

*Настанот е поддржан од од Меѓународниот фонд на Вишеград, како дел од проектот „Зајакнување на заедницата преку општествено градинарство“ (анг. Community Empowerment through Community Gardening).